Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски одржа прес конференција на која одговараше на новинарски прашања за тоа кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ за тоа дека обвинителите бараат да не им се чепка во платите?
Петрушевски истакна дека: „Она коешто долго време го говориме на темава дека оттаму доаѓаат барања за промени само во делот на финансиите, добиваме и потврда. И наместо да земат и да работат на зголемување на онаа 2% доверба од граѓаните, тие исклучиво мислат само на плати“.
Ќе повторам се работи за мала група на луѓе коишто се под контрола на СДС и ДУИ, инаку и таму има многу чесни луѓе коишто за жал не можат да дојдат до израз од овие, додаде во одговорот.




