Зад заканите по животот на новинар од Костадинов, стојат Филипче и Заев, затоа и нема осуда и оградување од СДС, рече на денешната прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски.
-Имено, не сме изненадени што Венко Филипче молчи. Тоа што Костадинов зема сила и се заканува со убиство на новинар е и директно мотивирано од Венко Филипче, кој шири атмосфера на паника и хаос, а со цел дестабилизација. Венко Филипче и СДС стојат зад заканите на Костадинов, а со тоа што досега не се оградија, ниту го осудија, говори дека со таквиот однос сакаат да мотивираат и други да го направат истото. Венко Филипче нема друг начин како да привлече внимание, па ги пушта своите пулени како Костадинов да разгоруваат тензии, истакна Петрушевски.
Очекуваме ЈО да постапи и да отвори постапка против Костадинов. Истовремено, очекуваме од Филипче јасно да каже што точно застапува и која му е целта, народот пред избори треба да знае кој е всушност Венко Филипче, додаде Петрушевски.