Во самата пресуда се цитирани закони односно членови од закон за граѓанска одговорност кои што се изменети. Затоа што последниот закон за граѓанска одговорност за навреди и клевета е донесен на 17-ти ноември 2021 година од овој пратенички состав. Што уште докажува дека Мартин Костовски морал затоа што го има материјалот, сме го дебатирале, го гласал на крајот на краиштата, морал да го познава овој закон“, истакна пратеникот Бране Петрушевски во емисија на радио „Лидер“ говорејќи за пресудата која што ја добил поради тужбата на пратеникот од редовите на СДСМ, Мартин Костовски.
Петрушевски додаде дека е преседан да му се пресуди за кажаното од собраниската говорница. Во самата пресуда судијата вели дека согласно членот 64 од Уставот на кој што се повикал и дека тој како пратеник не уживал имунитет за граѓанска одговорност.
„Во Уставот на Република Македонија во членот 64 стои дека пратеникот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење или гласање во Собранието. Тогаш во моментите кога е носен Уставот навреда и клевета било кривична одговорност. Но, подоцна под притисок на јавноста, на новинарите пред се, медиумите, се декраминилизира и преминува во граѓанска одговорност. И затоа законодавецот го изменил законот за пратениците кој што е основен закон по кој што ние нели уживаме права и имаме обврски, е наведено дека пратеникот не може да биде кривична или друга одговорност. И тоа е во согласност со сите меѓународни конвенции на кои Македонија е потписник“, рече пратеникот.
Тој посочи дека пратеникот ужива материјален и процедурален имунитет.
„Очигледно дека овој судија застанал во делот кога вербален деликт било кривично дело и најверојатно по такви закони ме судел“, нагласи Петрушевски.
„Во самата терминологија на пресудата стои дека јас сум преземал противправни дејствија. Што воопшто не познавам ваква терминологија во граѓанската одговорност, ова е кривична терминологија“, појасни тој.
Пратеникот укажа дека да биде парадоксот уште поголем самиот закон по кој што го судел судијата во членот 7 став 1 точка 1 е предвидено нема одговорност ако изјавата е дадена на работа односно во Собранието на Република Македонија.