Џерард Пике синоќа на гостувањето кај Лион во натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите го забележа својот стоти настап за каталонскиот клуб во елитното натпреварување.

Тој е седмиот фудбалер во историјата на Барселона со троцифрен број натпревари во Лигата на шампионите.

Натпреварот Лион – Барселона заврши нерешено 0:0.