Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике, денеска преку социјалните мрежи објави дека заврши со настапите во шпанската репрезентација.
– Разговарав со новиот тренер на репрезентацијата Луис Енрике пред неколку недели и му соопштив дека сакам да ја завршам мојата кариера. Тоа беше прекрасен период во кој го освоив Европското првенство и Светското првенство. Сега целосно ќе се посветам на Барселона, објави Пике на својот Твитер профил.
31-годишниот Пике поради својот афирмативен став кон независноста на Каталонија, не беше омилен меѓу навивачите на Шпанија и често беше исвиркуван за време на натпреварите на „црвената фурија“.