Дефанзивецот на Барселона Жерар Пике ги сподели своите спомени од натпреварот во 10. коло од Ла Лига против Реал Мадрид (1:2), кој се одигра во октомври на „Камп Ноу“.

– Неправеден резултат, тие не требаше да го напуштат „Камп Ноу“ со три бода. Дест имаше шанса при 0:0 која можеше да го промени текот на играта. Тие постигнаа гол уште од првото приближување кон нашиот гол. Тогаш бевме емотивно послаби, беше полесно да не победат. Сега односот на силите се промени. Се сеќаваме на тој натпревар и се надеваме дека ќе имаме корист од него. Тие ја користат истата база, која им донесе многу успеси во минатото. Во центарот на теренот играат Касемиро, Крос и Модриќ кои одлично се познаваат. Во последните години тие играат на многу високо ниво. На напаѓачката страна на Реал Мадрид се Бензема и Винисиус, кои оваа сезона имаат неверојатни перформанси. Ова се истите играчи како пред неколку години. Добро го познаваме Реал Мадрид и разбираме дека тие имаат висок квалитет, но можеме да ги победиме, изјави Пике.

Барселона утревечер (20 часот) во Ријад, Саудиска Арабија, ќе игра против Реал Мадрид во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп.