На две кола пред крајот, познати се учесниците во плеј офот на македонското пинг-понгарско првенство.
Што се однесува до долниот дел на табелата, Радовиш, Крива Паланка 2007, Вардар и Работнички, ќе се борат за опстанок.
Телеком НЕЦ и Струга од следната сезона ќе се натпреваруваат во рамките на Првата лига за сениори.
Резултати 15. коло:
Струга – Работнички 0:4
Младост – Вардар 4:0
Радовиш – Телеком Нец 4:3
Крива Паланка 2007 – Шампион ФА 0:4
Младост 96 – Телеком Нец 2 4:0.
Супер лига – резултати 16. коло:
Работнички – Младост 96 0:4
Телеком Нец 2 – Крива Паланка 2007 4:0
Шампион ФА – Радовиш 4:2
Телеком Нец – Младост 1:4
Вардар – Струга 4:0.
На табелата води Младост 96 со 32 бода, пред Младост со 30 и Шампион ФА со 28.