Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне очекува неговите избраници да бидат подобри од изданието ана синоќешниот дуел со Севиља во  29. коло на шпанскиот фудбалски шампионат.

Атлетико загуби со 1:0 и им дозволи на ривалите за титулата да му се приближат.

– Тоа беше тежок натпревар. Знаевме дека ќе биде така. Почнавме да играме подобро од 30-та минута, но немаше многу опасни ситуации. Ние мора да продолжиме да се подобруваме, да работиме напорно и да се подготвуваме добро за она што претстои. Пред нас е една недела кога сите играчи ќе бидат на располагање, иако неколкумина нема да можат да играат против Бетис поради дисквалификации. Останаа девет натпревари, мора да се подготвиме добро, изјави Симеоне официјалната веб-страница на клубот.

Атлетико останува на првото место во поредокот во Ла Лига со 66 бода. Втор е Реал Мадрид со 63 бода, додека Барселона има 62 бода и натпревар помалку. Севиља е четврта со 58 бодови.