Европската Унија е многу среќна и благодарна што има одлични лидери, почнувајќи од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на која сме навистина горди и која може да нè води во справувањето со предизвиците со кои се соочува светот, изјави денеска главната портпаролка на ЕК Паула Пињо во одговор на новинарско прашање за коментар на ставовите на американскиот претседател Доналд Трамп изнесени во интервју дека ЕУ е „група нации во распаѓање, раководена од слаби луѓе“.
– Исто така, имаме многу други лидери на чело на 27-те земји членки кои се дел од овој европски мировен проект, кои не водат во справувањето со сите предизвици со кои се соочуваме и кои покажуваат дека можат да бидат обединети, рече Пињо.
Според неа, така обединети лидерите на ЕУ успеваат успешно да ги надминат сите предизвици, почнувајќи од војната во Украина, преку трговијата, па до неодамнешната енергетска криза.
– Дозволете ми да ја искористам можноста да го повторам она што верувам дека е чувство на многу милиони граѓани на ЕУ дека сме горди на нашите лидери, додаде Пињо.
Фото: Архива




