Ние сме будни и подготвени да дејствуваме ако имаме зголемување на тензиите, изјави Лука Пиперни, заменик-командант на мировната мисија на НАТО КФОР на Косово.
Тој рече дека Алијансата е „подготвена да дејствува“, па дури е подготвена и да го зголеми бројот на војниците доколку избувнат проблеми во услови на спорот меѓу Косово и Србија за издавањето регистарски таблички за автомобилите.
– Ние сме будни и подготвени да дејствуваме ако имаме зголемување на тензиите, но можеме да ги искористиме и резервните сили. Ако ситуацијата се влоши, ние сме подготвени да интервенираме, подготвени сме да бидеме во средината меѓу демонстрантите и безбедносните организации, изјави бригадниот генерал Пиперни во штабот на косовските сили (КФОР) во Приштина.