ПИРГОВ, СЕКРЕТАР ЗА БЕЗБЕДНОСТ ОД ПЕРНИК: Има снимка која не е пријатна да се гледа, се спасиле само тие од задниот дел на автобусот!

/ 23.11.2021

Автобусот се движел со повеќе од 100 км. на час и не покажал ни милиметар кочење, што значи не реагирал адекватно. Несреќата е апсолутно последица на човечка грешка, рекол за БТВ секретар за безбедност Васко Пиргов од Перник, кој на лице место стигнал со првите полицајци и пожарникари.

Тој рекол дека автобусот не се превртил и дека возачот се обидел да сврти лево и додал дека има снимка “која не е пријатна да се гледа“, пренесува Телма.ком.мк.
– Глетката е страотна. Предниот дел од автобусот изгорел, луѓето кои се во болница биле во задниот дел на автобусот. На автобусот искршено е десно стакло и тие излегле од таму, рекол Пиргов.

Спрема неговите зборови, околу час и половина пред удесот автобусот запрел на бензиска пумпа на магистралниот пат “Струма“ каде што патниците отишле до тоалет и направиле пауза околу половина час.

Тој смета дека е исклучена можноста дека возачот заспал, бидејќи бензиската пумпа се наоѓала на 15 минути возење од местото на удесот.

– Патот е во одлична состојба. Ова е грешка на возачот. Нема можност автобусот да се лизгал на патот, нема трагови на кочење. Автобусот се запалил од предната страна. Во самиот автобус се наоѓале туби со нафта, рекол Пиргов и додал дека пожарот избил од предниот дел на автобусот, највероватно одситетмот за греење.
Тој известил дека во 3.04 часор добил информација за несреќата, а во 3.30 стигнал на местото на усдесот, каде што биле пожарникарите и Брзата помош.

Во автобусот на смрта кој се запалил во Бугарија биле 53 патници, од кои 46 загинале, додека седум се наоѓаат во болница и се вон животна опасност.

извор: Курир.срб


Од истата категорија