Ова е списокот на т.н. интелектуалци кои бараат поддршка за преиминување на РМ во РСМ преку отворено писмо во Гардијан. Нарачката е јасна, а прашање е колкумина од овие типови знаат каде е Република Македонија или, на пример, знаат кога и како за прв пат грчката држава стапила на тлото на Македонија. И внимавајте на содржината: на двете страни имало радикали кои бил против договорот.
Веројатно не случајно е избран и Гардијан. Тоа е весникот кој измислуваше, на пример, дека Груевски во разговор со новинар на Гардијан кажал дека се согласил да го смени името, а потоа новинарот призна дека тој нема поим за такво нешто и дека лагата е измислена во Лондон.
Costas Douzinas Birkbeck, University of London
Judith Butler University of California, Berkeley
Jean Luc Nancy Philosopher, Strasbourg
Barbara Spinelli Member of the European parliament
Wendy Brown University of California, Berkeley
Joanna Bourke Birkbeck, University of London
Luciana Castellina Rome
Frieder Otto Wolf Freie Universität Berlin
Catherine Malabou Kingston University
Claude Calame EHESS, Paris
Bo Stråth University of Helsinki
Susan Buck-Morss City University of New York
Sandro Mezzadra University of Bologna
Patrice Maniglier Université Paris Nanterre
Elsa Stamatopoulou Columbia University
Niccolo Milanese European Alternatives
Giacomo Marramao Roma Tre University in Rome
Edouard Delruelle Université de Liège
Peter Schöttler Freie Universität Berlin
Ulrike Guérot Danube University Krems, Austria
Ahmet Insel Université Paris 1 Panthéon-Sorbonne
Philippe Büttgen Université Paris 1 Panthéon-Sorbonne
Yves Sintomer Université Paris 8 Vincennes Saint-Denis, CSU-Cresppa
Emily Apter New York University
Oscar Guardiola-Rivera Birkbeck, University of London
Albena Azmanova University of Kent
Louis Wolcher University of Washington
Jean-Numa Ducange University of Rouen
Michal Kozlowski University of Warsaw
José Luis Villacañas Universidad Complutense de Madrid
Gilles Manceron Historian, Paris
Diogo Sardinia Paris University
Bertrand Ogilvie Université Paris 8 Vincennes Saint-Denis
Yves Sintomer Université Paris 8 Vincennes Saint-Denis
Franck Fischbach Univesite de Strasbourg
Teresa Pullano University of Basel
Matthieu de Nanteuil University of Louvain
Pietro de Matteis University of Cambridge
Guillaume Sibertin-Blanc Université Paris 8 Saint-Denis
Stefan Jonsson Linköping University
Manuela Bojadzijev University of Berlin
Rada Ivekovic College International de Philosophie, Paris
Во отворено писмо до јавноста, објавено во британскиот весник „Гардијан“, повеќе од 40 интелектуалци од Европа и САД бараат историскиот договор меѓу Македонија и Грција со кој се решаваат разликите околу името, да биде спроведен.
Во писмото потпишано од универзитетски професори од Лондон, калифорниски Беркли, Болоња, Њујорк, Варшава, Кембриџ, членови на Европскиот парламент, истакнати филозофи од Стразбур и Париз ја изразуваат поддршката за Договорот, потенцирајќи дека тој го почитува достоинството и правото на самоопределување на двата народи и ја потврдува желбата на двете земји за мирен соживот.
Овие истакнати личности, потенцираат дека Договорот ги дефинира политичките, историските и културните граници меѓу класичната грчка Македонија и – од сега – Северна Македонија, ставајќи јасно до знаење дека македонскиот идентитет може да биде споделен меѓу луѓето кои го прифаќаат, со различно значење.
Потсетувајќи на главните грижи, но и придобивки за едната и другата страна, во писмото се истакнува дека кога ќе биде завршен, „овој правно-обврзувачки меѓународен договор ќе го реши прашањето за оспорениот политички идентитет, толку вообичаен во мултикултурните општества, и ќе понуди модел за идно решавање на други долготрајни конфликти“.
Сепак, европските и американски интелектуалци посочуваат дека во обете земји постојат екстремисти и радикали кои се против договорот. Тие наведуваат дека посебно во идната Северна Македонија е неопходно сите да ги исполнат ветувањата со цел да успее референдумот, планиран за наесен.
„Во овие критични времиња, кога Европа се соочува со подемот на екстремниот десничарски национализам и расизам и опасните ревизионисти на Балканот и Европа, кои ги делат луѓето на „предавници” и „патриоти”, поважно е од кога и да е да се поддржат оние што преземаат ризици за помирување. Ние го поддржуваме овој фер договор и ги повикуваме сите страни да го исполнат својот дел од договорот“, се наведува во отвореното писмо на интелектуалци од САД и Европа во „Гардијан“.