Во Полициското Одделение Маврово вчера попладне М.Г.(45) од Скопје пријавил дека при искачување на врвот Махија Маде на планината Кораб каде учествувале четиринаесет планинари, во еден момент М.П.(32) од Скопје, се лизнала и паднала од карпа.

-Со помош на другите планинари се спуштиле до с.Грекај и со медицинско возило од Медицински Центар Гостивар била пренесена во Ургентниот центар во Гостивар, информираат од СВР Тетово.

Од страна на лекар констатирани биле телесни повреди.