Министерството за одбрана соопшти дека по повод 8 Септември, Ден на независноста на Република Македонија, денеска организира планинарење во Националниот парк Маврово.
На планинарењето ќе учествува и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Годинава за прв пат Република Македонија ќе го одбележи Денот на независноста како земја – членка на НАТО. Затоа мотото на денешното искачување е „Ние сме НАТО“, информираат од Министерството за одбрана.