Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска преку ждрепка ги одреди двојките за сезоната 2019/2020 во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Од поинтересните дуели, актуелниот шампион Шкендија ќе ја започне одбраната на титулата во Струмица против Академија Пандев, додека Вардар ќе го започне првенството на домашен терен со Макеоднија ЃП.
Прво коло на ПМФЛ:
Ренова – Силекс
Струга – Работнички
Шкупи – Борец
Вардар – Македонија ЃП
Академија Пандев – Шкендија
Сезоната во ПМФЛ почнува на 11 август, а завршува на 17 мај.