Со дуелот во Кратово од 16 часот меѓу домаќинот Силекс и Академија Пандев попладнево ќе биде отворено четвртото коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Преостанатите четири натпревари се на програмата утре, а дербито се игра во Струмица каде Шкендија ќе ги пречека фудбалерите на Струга.

Штипска Брегалница е домаќин на Македонија Ѓорче Петров, Работнички го пречекува Тиквеш, додека во градската пресметка Скопје пред своите гледачи ќе игра против актуелниот првак Шкупи.

Лидер на табелата е Струга со максимален ефект од три победи, додека на дното Скопје, Победа и Работнички сè уште се без освоен бод.