Европската фудбалска федерација ги утврди термините за одгривање на натпреварите од групната фаза во Лигата на шампиони која ќе стартува на 6 септември. 

Дерби натпреварот од воведното коло ќе се игра во Париз каде ПСЖ ќе му биде домаќин на  Јувентус. 

На 6 септември на програмата се и дуелите меѓу Динамо Загреб – Челзи, Дортмунд – Копенхаген, Салцбург – Милан, Селтик – Реал Мадрид, Лајпциг – Шахтјор, Севиља – Манчестер сити и Бенфика – Макаби Хаифа. 

Двете првопласирани екипи во секоја од осумте групи ќе обезбедат место во осминафиналето во Лигата на шампиони. Третопласираните екипи ќе го ородолжат натпреварувањето во Лига Европа, додека за четвртопласираните екип ќе заврши еропскиот пат. 

Нокаут фазата во елитното европско клупско натпреварување ќестртува во февруари идната година.