Лидерот Шкупи му гостува попладнево на последнопласираниот Пелистер во Битола, во еден од трите натпревари кои се на програмата денеска во рамки на 28. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Шкупи има 13 бодови предност пред Шкендија, на второто, и Академија Пандев на третото место, и во завршните шест натпревари потребни му се две победи за да ја освои шампионската титула.
Македонија ЃП попладнево е домаќин на Работнички, додека Борец во Велес ја пречекува Струга.
Прволигашкото 28. коло ќе биде комплетирано утре со дуелите Брегалница – Шкендија, Скопје – Тиквеш и Ренова – Академија Пандев.
Табела: Шкупи 65, Шкендија 52, Академија Пандев 52, Македонија ЃП 50, Ренова 38, Брегалница 38, Работнички 37, Струга 36, Скопје 26, Тиквеш 24, Борец 15, Пелистер 10.