Фудбалерите на Струга ТЛ со победа ја отворија сезоната во која ја бранат шампионската титула, а во првиот настап во елитното друштво по пауза од две години Вардар е поразен на гостувањето во Струмица.
Струга ТЛ во дуелот против Гостивар славеше со 2:0, а стрелци на головите беа Марјан Радески и Јаровиќ.
Еден погодок и беше доволен на АП Брера да забележи победа во соочувањето со Вардар, а натпреварот го реши Јанкулов во 59. минута.
Шкендија на гостувањето против Воска Спорт успеа да стигне до победа со погодокот на Максимов во првата минута од судиското надополнување додека Ивановски беше стрелец на единствениот гол за Тиквеш во мечот со Македонија ЃП.
Најефикасниот натпревар на стартот од новата сезона се играше во Штип каде Брегалница го совлада Силекс со 2:1. Домаќините поведоа со голот на Димитриевски во 23. минута, потоа во 26. Милосављевиќ израмни на 1:1, а конечниот резултат го постави Андерсон во 32. минута од средбата.
Првото коло ќе се комплетира утре со мечот меѓу Работнички и Шкупи чиј почеток е закажан за 17 часот.