Кога ќе ви го украдат паричникот, веројатно и не очекувате да ви биде вратен, но и тоа се случува.
Бети Сисом (89) била пријатно изненадена кога ѝ соопштиле дека паричникот што таа речиси и да заборавила дека ѝ го украле, е пронајден.
Но, тоа се случило дури по 75 години.
Паричникот е пронајден при реконструкција на зграда на некогашно средно учлиште во Централија, Илиноис, САД, која сега се пренаменува во црква, изјави свештеник од црквата Сент Балцел.
Водоинсталатoр го пронашол паричникот во ѕидот од женскиот тоалет, заедно со уште неколку други. Ги сликал и ги објавил на Фејсбук, па благодарение на споделувањата, тоа стигнало и до Сисом.
Повеќето сопственици на украдените паричници сега се починати, но новинар од ТВ-станицата „Сент Луис” во имињата ја препознал старицата и на тој начин таа си го поврати украдениот предмет.
Во паричникот немало пари. Имало фотографии од нејзините школски другари, но и една слика од брат ѝ кој се борел и загинал во Втората светска војна.
– Многу сум среќна поради тоа, оти немам други негови фотографии, изјави Бети.
Таа во 1947 година матурирала во тоа средно училиште.