Според најновата „Форбс“-листа 100 најплатени јавни личности од светот на музиката, спортот и забавата, „од Холивуд до Боливуд”, на врвот е пејачката Тејлор Свифт со 185 милиони долари.

По неа следи ѕвездата од реалните шоуа, Кајли Џенер со нејзините 170 милиони, а на трето место е сопругот на нејзината сестра – Кање Вест, со заработени 150 милиони долари.

Листата се прави еднаш годишно, а на најновата дури третина од луѓето не се од САД.

Меѓу првите десетмина се и тројца фудбалери – Лајонел Меси од Аргентина (место број 4), со 127 милиони долари заработка, Португалецот Кристијано Роналдо (6), со 109 милиони долари заработка и Бразилецот Нејмар со 105 милиони долари заработка. Меѓу нив е и мексиканскиот боксер Сантос „Канело“ Алварез

На топ листата се и британскиот музичар Ед Ширан, групата „Иглс“, забавувачот Д-р Фил, натаму: Роберт Дауни Џуниор, Скарлет Јохансон, Бредли Купер, Пол Рад и други.

Листа се прави на основа на заработката, а овогодишната е направена имајќи ги предвид приходите остварени меѓу 1 јуни 2018. и 1 јуни 2019 година.