Двајца од повредените во сообраќајната несреќа, што се случи на автопатот Скопје-Тетово на 13 февруари, се во тешка состојба. Од нив, еден е на одделот за хируршка-интензивна нега во Градската општа болница „8 Септември“, додека другиот повреден е на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), соопшти Министерството за здравство.
Во ГОБ „8 Септември“ се лекуваат уште седуммина од повредените кои се во добра општа состојба, на КАРИЛ се третираат уште двајца од повредените кои се во стабилна состојба, а на Универзитетската клиника за неврохирургија има една пациентка која исто така е во стабилна состојба.
Еден повреден има и на трауматологија и тој во текот на денешниот ден ќе биде пуштен на домашно лекување.