Во рок од два дена, второ прашање од челник на СДС и барање за разјаснување на тешката дилема: ДАЛИ СДС СЕ/БИЛЕ ПРЕДАВНИЦИ?
Овојпат, пишува Курир, ова јавно го запраша Андреј Жерновски, секретарот за меѓународна политика на СДС, кој не знае што значи кратенката НАТО.
„Се сеќавате ли како СДСМ беше прогласен за предавник и сите ние што зборуваме во одбрана на тој концепт, Преспанскиот договор, бевме нарекувани предавници?“, запраша „ничим изазваним“, секретарот за меѓународна политка на СДС, кој во меѓувреме можеби и дознал што значи кратенката НАТО.
И не само тоа, со голем товар на градите од злодејанијата во периодот 2017-2024, Жерновски забрефтан извика:
„Македонскиот идентитет е зачуван. Македонскиот јазик е потврден во ОН и сето тоа благодарејќи на државотворната политика на СДСМ. Додека ти го лажеше и, за жал, го излажа македонскиот народ, ние се боревме за Македонија. Се боревме и успеавме да ги зачуваме македонскиот јазик и македонскиот идентитет.“, ја срочи прекалениот борец изјавата од рубриката „верувале или не“, поверојатно второто.
Пред два дена, „лидерот“ СДС ја отвори истата дилема, дали СДС се предавници или не? Откако не доби одговор од евроамбасадорот Рокас, Филипче на среде седница за Извештајот на ЕК за Македонија, видно изнервиран заради пофалбите за реформите од Рокас и одговорот кој не го доби за предавниците, си замина „главом без обзира“, ко што велат северните соседи на насила северизираната од Заевци Македонија, кои и ден-денес се во тешка дилема, дали се предавници. Тежок, СДС непребол, велат познавачите на состојбите и на нечии психо-физички состојби…
–И сега ќе го повикам тука напомош и можеби да коментира во даден момент кога ќе сака евроамбасадорот Рокас. По примерот на претседателката Фон дер Лајен, која рече дека нè чекаат во Европа со нашиот идентитет и јазик. Зарем не е тоа најдобар и најголем сигнал дека оваа политика на оваа власт изминативе години, не само од 2024, туку и претходно, дека сѐ што направи СДСМ е предавничка политика, практично паѓа во вода – оцени и срочи во понеделникот со голема доза на Фројдов комплекс Филипче при расправата за веќе бајатиот и апсолвиран Извештај на ЕК. Констатацијата на мнозинството граѓани беше дека Филипче е во право и дека дефинитивно му треба ПОМОШ, но не од Рокас…
Тој автошовинистички се пожали и си измисли дека со обвинувањата на Христијан Мицкоски и на владејачката гарнитура дека СДСМ водел предавнички политики, индиректно се обвинувала и Европската Унија дека уценува земја кандидат за членство. Во силен занес, Филипче потсети и на пораката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека Македонија ја чекаат во Европа со својот идентитет и јазик, порака во која таа зборуваше за некаков идентитет на некоја си Северна Македонија и никаде не спомна МАКЕДОНСКИ, ни пред идентитет, пред јазик уште помалку.
Филипче јавно и јасно побара странска интервенција, веројатно преку некаква си театарска Деус екс макина (Божја рака), и без заддршка си кажа дека на Македонија (читај на СДСМ) и била потребна помош од ЕУ во соочувањето со измислената од СДС пропаганда со која власта демек со години ги претставувала чекорите кон членство во ЕУ како предавство.
–Предавнички ли е, амбасадоре, тоа што треба да се случи? Има ли предавство зад уставните измени или нема? Треба помош од вас? Нас ни треба, на државата ѝ треба, на граѓаните, на Европска унија ѝ треба помош – рече вознемирениот Филипче.
По недобиениот одговор од Рокас, Венко видно вознемирен си замина. СДС во ниту едно соопштение не го пренесе неговот прашање дали се предавници или не, не пиша ниту збор за неговото напуштање на седницата и молчеа до утредента кога пак се фатиај со најомилената им играчка деновиве, Алта Банка АД Битола.





Извор: Курир




