Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, прогласи победа на опозицијата на парламентарните избори во Албанија, само два часа по завршувањето на процесот на гласање.
„Победата е јасна! Им благодарам на сите граѓани кои гласаа за победата”, нагласи Баша.
Тој рече дека е убеден дека граѓаните масовно гласале за „Алијансата за промена“ и дека „на крајот, Албанија ќе победи“.
„Верувам дека комесарите ќе го завршат процесот на броење (гласови) со трпеливост, врз основа на законот“, нагласи Баша.
Наспроти неговата убеденост во победа, Еди Рама, кој синоќа кажа дка нема да ги коментира резултати до нивното официјално објавување, денешниот ден го започна со порака на социјалните мрежи на која напиша „Какво убаво утро во Тирана“, постирајќи фотографија од главниот град.
На изборите во Албанија учествуваа две изборни коалиции, коалицијата Демократска партија – Алијанса за промена од 13 партии, предводена од Демократската партија на Албанија (ПД) на Љуљзим Баша и коалицијата Алијанса за национално единство – Имиграција – час на надеж и конзервативци (АБЕОК), составена од четири политички партии.
Според излезната анкета на албански Топ-чанел, владејачката албанска Социјалистичка партија, Еди Рама, е предводник на изборите со 46,9 проценти од гласовите, додека опозициската Демократска партија на Љуљзим Баша е на пат да го заземе второто место со 43,5 проценти од гласовите.
Излезните анкети покажуваат и дека Социјалистичкото движење за интеграција(ЛСИ) на Моника Крумади сопруга на претседателот Илир Мета ќе го заземе третото место со 6,9 проценти од гласовите.
Претседател Илир Мета, кој ја формира ЛСИ, откако се отцепи од социјалистите, синоќа го пофали изборниот процес и повика на смиреност бидејќи се бројат гласовите од вчерашните парламентарни избори во земјата. Мета ја посочи клучната улога на луѓето што ги бројат гласовите и оцени дека одредени политички партии имаат корист од проекциите на резултатите и излезните анкети, пренесува албанскиот портал Егзит Њуз.