Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески е можно да го засили Уставниот суд, односно да го пополни едно од трите испразнети места. Тој за “Фокус” потврди дека доколку пратениците го предложат, тогаш ќе ја прифати функцијата уставен судија.

-Одлуката ја носат пратениците. Доколку нивен став е дека можам да придонесам со работното искуство во оваа значајна институција, ќе прифатам, изјавил Јовески.