Раперот Канје Вест е поканет во Белата куќа, соопшти портпаролката на претседателската резиденција, Сара Хакаби Сандерс, додавајќи дека е предвидено музичарот да има средба со претседателот Доналд Трамп и со неговиот зет Џеред Кушнер.
Разговорите ќе се фокусираат на реформите во затворската политика, намалување на насилството и на криминалните банди, особено во Чикаго, каде што раперот и пораснал.
Неодамна Трамп го пофали Вест, кој во една ТВ емисија се појави со капче со натпис „Да ја направиме Америка повторно голема” – слоганот на Трамп во претседателската кампања.