Производителите Кока-Кола, ПепсиКо и Нестле се најголеми производители на пластичен отпад во светот, предупредуваат од Гринпис.

Во соработка со Брејк Фри Фром Пластик, Гринпис организирале 239 акции за чистење пластика во 42 држави во светот што резултирало со собирање 187 илјади парчиња пластика. Целта била да се покаже како големите корпорации придонесуваат за загадување на околината.

–Најголемиот светски производител на безалкохолни пијалоци, Кока-Кола е и најголем производител на отпад, нагласува Гринпис.

Пластичен отпад од познатиот бренд е пронајден во 40 од 42 држави. Најголем пројаден тип пластичен отпад бил полистирен и се наоѓа во амбалажа на шољи за кафе, следува ПЕТ што се користи за пластични шишиња.