Град Скопје нема пари да го подмири милионскиот долг кон приватниот превозник Слобода превоз, автобусите на овој превозник пак немаат пари за нафта. По четири часа разговори, со секретарот на град Скопје, средбата заврши без епилог. Четирите линии кои денеска не сообраќаа, односкно 9,12 , 23 и 45 ниту утре нема да возат, а можно е да се приклучат и другите линии кои се на Слобода превоз. Од град Скопје им било укажано да почекаат 40 дена да биде донесен новиот ребаланс на буџет, но од приватниот превозник велат дека ниту тоа не им е гаранција дека ќе им бидат исплатени парите, пренесува Сител.

Покрај дологот од околу милион евра кон Слобода превоз, град Скопје му должи половина милион евра и на приватниот превозник Макексперс. Но сепак, градот пред само две недели одлучи да го раскине договорот со овој превозник кои ги возеше линиите 19, 20, 22, 52 и 54 со образложение дека не ги почитувале условите за квалитетни услуги. Од Макекспрес велат околу 130 лица останале без работа и најавија тужби.

И од Слобода превоз и од Макекспрес деновиве ќе се сретнат со превозниците како и управните одбори и не ја исклучуваат можноста револтот поради неисплатените долгови кон нив да го извразат преку протест или штрајк.