Вицепремиерот Кочо Анѓушев најави дека се повлекува од политиката, а една од причините што ја наведува е падот на профитот во неговите приватни фирми.
Оваа негова изјава наиде на реаклции кај корисниците на социјалните мрежи и објавување на податоци за тоа како се движел бизнисот.
Објавуваме графика која денеска се врти на Твитер во врска со „падот на бизнисот и профитот“ на Анѓушев. Од истата може да се види дека во две фирми нема пад, напротив, има раст на бизнисот во 2018-та во споредба со 2017 година, односно пред доаѓањето на функцијата вицепремиер во Владата на Зоран Заев.