Италијанскиот клуб Наполи има интерес за крилниот играч на Кристал Палас, Вилфред Заха, откако го пропушти Никола Пепе, кој потпиша со Арсенал.

Дваесет и шест-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата коска сака да игра во Лигата на шампионите, a заинтересираните за неговиот потпис Евертон и Арсенал досега не успеаја да го привлечат играчот поради високата цена.

Се проценува дека Палас ќе има далеку поголема веројатност да ја намали цената од 80 милиони фунти кога станува збор за продажба на играчот во странство. Неаполскиот клуб ќе се обиде да го купи за 60 милиони фунти.

Минатата сезона Заха реализираше 10 гола и 10 асистенции за лондонскиот клуб.