Надевајќи се дека ќе стават крај на низата технички неприлики поради кои не можеа да полетаат авиони во кои се германски владини функционери, германската армија планира да купи нов авион за да се реши тој проблем.
Портпарол на Министерството за одбрана потврди дека почнале понуди за авион, наверојатно Ербас А350. Цената би била околу 180 милиони евра, а опремата дополнителни 100 милиони евра.
На германските владини функционери во последно време не им беше лесно што се однесува до нивните меѓународни дипломатски походи.
Канцеларката Ангела Меркел во ноември замина на Г20 со комерицијален лет во Аргентина, глувци изгризале кабли на вториот владин авион поради што министерот за финансии Олаф Шулц заглави во Индонезија. Во минатиот месец поради проблеми со авионите прекинати беа патувања во Африка на министерот за развој Герд Милер, и на претседателот Франк Валтер Штајнмаер.