Обвинители, истражители и судски службеници во Бугарија денеска ќе протестираат пред судовите низ државата.

Судиите спонтано се одлучија на таков чекор по обидот за атентат врз главниот бугарски обвинител Иван Гешев. Според нив нападот врз правдата и националната безбедност е без преседан по својата дрскост и размери.

Според бугарските медиуми протестот ќе почне во 11 часот по локално време.

Со протестот, вработените во Обвинителството и истрагата сакаат и да му изразат поддршка на главниот обвинител и да го покажат своето единство против обидите за нивно заплашување.

Инаку денеска се очекува бугарскиот премиер Галаб Донев да свика состанок во Советот на министри, на кој ќе учествува министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев, како и претставници од Министерството за внатрешни работи и обвинителството, јави БТА.

Повод за средбата е експлозивната направа што вчера експлодирала во близина на автомобилот и колоната на главниот обвинител Иван Гешев додека се движела на пат кон Самоков. Во инцидентот нема повредени.

Формиран е штаб, а министерот Иван Демерџиев е во контакт со сите и е информиран за дејствијата што се преземаат, изјави Петар Тодоров, главен секретар во бугарското МВР. Во штабот се вклучени сите структури на Министерството за внатрешни работи, како и претставници на Националната служба за безбедност и Службата за национална безбедност.

Експлозија одекна вчера попладнето на пат во момент кога автомобилот на главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев и неговата колона се движела на патот од Самоков кон Софија.

– Главниот обвинител бил цел на убиство, изјави заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов. Тој нагласи дека не станува збор за заплашување, туку за оби за атентат.

Сарафов извести дека…дошло до екстремно силна експлозија и дека од експлозијата е формиран кратер со длабочина од 30-40 см и дијаметар од близу 3 метри.

-Експлозивната направа очигледно била наменета да убие. Не била со намера да заплаши, рече заменик-јавниот обвинител. Во моментов, покренатата постапка од Кривичниот законик за терористички чин, рече Сарафов.