По објавата на Фајзер за новата вакцина, сер Џон Бел, професор по медицина на Универзитетот во Оксфорд и член на британскиот антикорона кризен штаб, изрази верување дека „животот треба да се нормализира до пролет следната година“.

Бел е познат како еден од најистакнатите британски медицински експерти, а неговите изјави и ставови имаат специфична тежина не само во Велика Британија, туку и во многу други земји, нагласува Би-Би-Си.

Тој изрази ентузијазам по објавата на фармацевтската компанија „Фајзер“ дека ефикасноста на вакцината се проценува на 90 проценти и додаде дека ќе има тешкотии во дистрибуцијата на новата вакцина, но оти тие тешкотии не се несовладливи.

Во интервју за Би-Би-Си на Радио 4, професорот Бел објави дека до крајот на годината и во првите месеци од следната година може да има „повеќе од една вакцина“ во Велика Британија.