Бројката на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 768 од појавата на болестаоткако минатото деноноќие починаа 13 од заразените од коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешното соопштение на Националниот институт за јавно здравство на Косово се наведува дека, од вчера извршените 1.712 тестови со методот РТ-ПЦР (108.482 вкупно досега), позитивни на коронавирусот резултирале 637 лица.

Вклучително новозаболените, бројот на лица кај кои е откриен вирусот од почетокот на епидемијата се искачи на 24.792, а болеста досега ја совладале 15.722 лица. Во текот на вчерашниот ден како излекувани се евидентирани 104 пациенти.

Согласно официјалните статистики на косовските здравствено власти, во земјата во моментот има 7.798 активни заболени.

Поради зголемениот број на случаи, над 1.800 новозаразени и 36 починти во последните три дена, денеска беше одржана средба на министерот за здравство со косовските градоначалници, при што се разгледани евентуалните нови мерки за заштите од епидемијата.

Жариште на заразата е косовската престолнина Приштина, каде што досега се евидентирани речиси 9.000 заразени, а има и најголем број активни случаи. Во овој град, како и во неколку други општини во кои има висок процент заразени, се очекува воведување еднонеделен карантин.