Најмалку 30 лица починаа од топлотниот удар кој ја погоди Јапонија во текот на викендот, живата на термометарот се искачуваше и над 38 степени Целзиусови.
Метеоролошката служба утрово издаде предупредување за висока температура во повеќето области во земјата.
Поголемиот дел од починатите се постари лица, а меѓу нив има и две брачни двојки во седумдесеттите години.
Речиси 10.000 граѓани беа хоспитализирани во првите две недели од јули.
Во изминатите десетина денови катастрофалните поплави во Јапонија однесоа десетици животи.