Американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека можноста Русија да и испорача оружје на Северна Кореја е „исклучително загрижувачка“.
„Тоа, се разбира, би го дестабилизирало Корејскиот полуостров и потенцијално… ги прекршува резолуциите на Советот за безбедност на ОН што самата Русија ги поддржа“, изјави за новинарите портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно денеска изјави дека Москва не ја исклучува можноста да доставува оружје за други земји како одговор на испораката на оружје за Украина, пренесе РИА Новости. На прес-конференција во Виетнам, Путин исто така рече дека Русија го задржува правото да испорачува оружје на Северна Кореја.
Русија не ја исклучува испораката на оружје за други земји, како одговор на испораките за Украина, рече Путин, додавајќи „Западот нека размисли каде ќе заврши ова оружје“.
Рускиот лидер рече и дека Москва размислува за можни промени во својата нуклеарна доктрина.
САД префрлиле дел од своите нуклеарни сили поблиску до Северна Кореја по посетата на Путин
САД го засилиле присуството на своите стратешки сили во азискиот регион по посетата на Владимир Путин на Северна Кореја, чиј резултат беше обнова на воената алијанса меѓу Москва и Пјонгјанг создадена на почетокот на 1960-те години.
Според соопштение на Индо-тихоокеанската команда на американските вооружени сили (ПАКОМ), група на нуклерни бомбардери B-1B Lancer биле однесени во воената база Гуам во западниот дел на Тихи Океан.
Суперсоничните авиони со потенцијал да носат бомби со вкупна тежина од 34 тони, долетале на Гуам за да дестејтмонстрираат „спремност за реакција во подршка на сојузницие, партнерите и пријателите“, истакнаа денеска од ПАКОМ.
Бомбардерите ќе исполнуваат „плански мисии на бомбардерски оперативни групи“ се вели во соопштението на командата,
Како што пишува изданието „Старс енд страјпс“ (Stars and Stripes) речиси истворемено за првпат на Гуам дошле атомскиот носач на авиони на воено-морските сили на САД „УСС Роналд Реган“ и ракетниот разурнувач „УСС Роберт Смалс“.
Префрлањето на стратешките сили на САД се случува ден по посетата на Путин на Северна Кореја, прва таква посета во своите 24-те години владеење како лидер на Русија.
Во Пјонгкјанг, каде рускиот претседател беше пречекан со парада, колона од луѓе покрај патиштата, и гигантск портрети на зградите, Путин потпиша договор за „стратешко и сеопфатно партнерство“ со КНДР.
Документот „предвдува меѓудругто и пружање заемна помош во случај на агресија против еден од учесниците на тој договор“, изјави Путин при кројт на својата посета. Москва исто така не исклучува и воено-техничка соработка со КНДР иако тоа е забрането со санкции на ОН.