Блок 2 на РЕК Битола од синоќа во 2:45 часот е синхронизиран со електроенергетскиот систем на Република Северна Македонија. Производството на електрична енергија од комбинатот продолжува непречено и од Блок 1, соопшти АД ЕСМ.
На депонијата за јаглен во РЕК Битола, како што убедуваат од комбинатот, во моментов имале доволно јаглен за континуирано производство на електрична енергија за потребите на домаќинствата, а како што тврдат „количините се надополнуваат и се зголемуваат во континуитет“.
– Стручниот тим составен од вработени во РЕК Битола и во енергетските компании во земјава продолжува со напорите за оспособување на трансформаторот на Блок 3 кој беше оштетен во пожарот од пред десет дена, информираат од АД ЕСМ.