Синоќа по 23 часот во Вараждин се случила сообраќајна незгода со материјална штета. Сообраќајката ја предизвикал 32-годишен македонски државјанин, кој го управувал лично возило под дејство на алкохол, со измерено ниво на алкохол во крвта од 1,13 промили, пренесуваат хрватските медиуми.
Возачот се движел по улицата Браќа Крајански и при стигнување на раскрсницата со Источна обиколница, која со сообраќаен знак е означена како коловоз со првенство на минување, влегол на крстосницата без да ги пропушти возилата што се движат по обиколницата.
Поради недавање предност, предниот лев дел од возилото удрил во предниот десен дел на автомобил кој на Источната обиколница бил управуван од 59-годишен унгарски државјанин, пишуваат медиумите во Хрватска.
Во несреќата за среќа нема повредени, но евидентирана е материјална штета на возилата. Возачот кој ја предизвикал несреќата ќе се соочи со соодветни санкции за возење под дејство на алкохол и непочитување на сообраќајните правила.
Фото: Архива