Романската армија подигна два авиона МИГ-21 за да пресретнат неидентификуван објект забележан во југоисточна Романија.

Романската авијација соопшти дека системот за набљудување околу 12:30 часот, регистрирал неидентификуван објект, налик на метеоролошки балон, на надморска височина од околу 11.000 метри.

Инцидентот се случил околу еден час пред денешниот силен земјотрес кој ја погоди Романија. Романските власти ги примениле сите стандардни процедури од моментот на откривање на објектот, а двата авиони од романската авијација полетале од воздухопловната база ФЕТЕСТ околу 12,40 часот.

– Екипажот на два авиони не го потврди присуството на неидентификуваниот објект, ниту визуелно ниту на радарите. Авионите се задржале околу 30 минути во областа, за целосно разјаснување на ситуацијата, по што се вратиле во воздушната база. Романската воена авијација во соработка со сојузничките сили постојано го следи националниот воздушен простор и областа во близина, соопшти Министерството за национална одбрана.

Претходно, во вторникот, Република Молдавија привремено го затвори својот воздушен простор, од 11,24 до 14,47 „за да се обезбеди безбедност и безбедност на цивилното воздухопловство“.

Според медиумите причината за затворање на небото било регистрирање на неидентификуван дрон.