Руската фудбалска репрезентација е суспендирана од УЕФА, нема да може да учествува на СП во Катар, а челниците на „куќата на фудбалот“ бараат начин националниот тим да остане во форма.
Како што објави спортскиот портал Екипа, минатата седмица беше одигран пријателски меч против младинската репрезентација што селекторот Карпин го опиша како „најбезначаен досега“, па во тек е потрага по вистински конкуренти против кои „зборнаја“ би ја одржувала формата.
Како што јавува „ТАС“, во тек се преговори со Северна Кореја, Кина, Иран и Казахстан, за да бидат договорени пријателски средби што би се одиграле во текот на летото.
Исто така, ТАС ги потврди најавите дека Руската Фудбалска Федерација сериозно размислува да ја напушти УЕФА и да се приклучи кон Фудбалската Асоцијација на Азија.