Со големо задоволство и чест ви го најавуваме свеченото отворање на нашата роденденска сезона “Одисеја” (2024/2025) со македонската сопранистка со волшебен глас – маестралната Ана Дурловски, пишува во објавата на Филхармонија на ФБ. Во нејзе се додава:
„На концертот за првпат ќе прозвучат четири песни од циклусот “Шест едноставни песни” и Лид на Мариета од операта “Мртвиот град” од австрискиот композитор Ерих Корнголд.
На програмата се и грандиозната симфонија во четири сцени – “Манфред” од П.И.Чајковски и премиерна изведба на увертира од домашен автор која ќе биде избрана на Конкурсот за нарачка на нови дела кој го објавивме во мај годинава.
Концертот ќе го води нашиот шеф диригент – маестро Јерухам Шаровски од Израел.
“Го славиме Јубилејот” заедно со вас, нашата верна публика која будно нѐ следи секоја концертна сезона 🎵
10 октомври, 20 часот!“
Веста ја сподели и сопругот на Дурловска, Игор, кој напиша дека ова се случува по седумгодишен бојкот на Ана Дурловска.