Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 успеа да забележи победа на гости со Монпелје (25-28) и така се врати во игра за следната фаза во ракометната Лига на шампиони.

По седум порази во серија, вардарци забележаа победа во која, Давид Дејвис Камара имаше успешно дерби, а „црвено-црните“ го одиграа можеби најдобриот натпревар оваа сезона и диктираа игра од почетокот до крајот против фаворитот на хартија.

Со овој триумф, Вардар му се одмазди на Монпелје за претходниот пораз во Скопје.