Лошите резултати се причина на половина од сезоната да се донесе за одлука Веселин Вујовиќ да ја напушти клупата на двократниот европски шампион, РК Вардар 1961.
Едноставно преголема е негативната серија на лоши резултати во Лигата на шампионите, после стартното реми во Норвешка со Елверум и двете домашни победи над Мешков Брест и Алборг, следуваа седум порази во низа.
И во домашниот шампионат скопските „црвено-црни“ ги разочараа своите навивачи со шокатниот пораз од вториот тим на Е. Пелистер.
За Вујовиќ ова беше трет мандат на клупата на Вардар 1961, играчите ги очекува нов меч во Суперлигата против Охрид кој треба да биде подготовка за дербито со првиот тим на Е. Пелистер кое може многу да реши во трката за шампионската титула оваа сезона.
Вујовиќ за „24Ракомет“ ја потврди разделбата