Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск утре попладне ќе ја посети Тирана.
Тој во албанската метропола ќе допатува од Скопје.
Посетата на Туск на Трана и на Скопје е во пресрет на очекуваната одлука за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ во октомври.
Туск, во Тирана ќе остане само два часа и како што информираа албанските медиуми планирана е само една средба во 15:00 часот со премиерот Еди Рама, со кого ќе разговараат „за сите обврски кои треба да ги исполни Албанија за да добие позитивен одговор“.
Мандатот на актуелниот претседател на Европскиот совет истекува на 1 декември, а на негово место ќе дојде премиерот на Белгија, Шарл Мишел.
Инаку, Амбасадорот на ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца, денеска изрази надеж дека Албанија наскоро ќе ја доби добра вест за почеток на пристапните преговори за прием во европското семејство.