НАТО денеска соопшти дека еден американски војник загина за време на операција во Авганистан.

Северноатлантската алијанса не соопшти детали за инцидентот.

Претседателот на САД, Доналд Трамп минатата недела ги прекина преговорите за завршување на најдолгата војна во американската историја, а како причина го наведе неодамнешниот напад на талибанците во Кабул, при што загина американски војник.