Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), денеска на прес-конференција ќе информира за проблемот кој ќе се јави во управата и правосудството, доколку платите на вработените скалесто не се усогласат со новата вредност на минималната плата.

Синдикатот на УПОЗ најави дека ќе презентира предлози за решавање на овој проблем и активности кои синдикатот ќе ги преземе за изразување на незадоволството на вработените ако нивните барања не бидат исполнети.

Завчера, како што објавивме, Сојузот на синдикатите на Македонија и Владата постигнаа договор за минимална плата од 18.000 денари. Во договорот е маведено дека државата од буџетот ќе учествува со средства за висината на минималната плата во приватните фирми.