Бугарија и Македонија на 4 февруари подготвуваат заедничко чествување на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
Ова го соопшти бугарскиот премиер Кирил Петков на денешната седница на бугарското Собрание на која пред пратениците информираше за резултатите од меѓусебните посети на политичките делегации од двете земји.
Бугарскиот премиер како позитивен го оцени напредокот направен минатите две недели, иако рече има уште работа.. Како значителен напредок ги наведе трите потпишани меморандуми за земјоделство, мали и средни претпријатија и коридорот 8.
– Димитар Ковачевски е премиер на Македонија една недела и четири од тие осум дена ги помина со бугарската влада“. Ова укажува на желба да се заврши работата. Во моментов веќе не се зборува за 5+1, само две недели подоцна ќе треба да ја смениме бројката 4+1. Тоа само по себе е напредок, изјави Петков пред пратениците.
Одбележувањето на јубилејот од раѓањето на Делчев ќе се одржи идниот петок, а што точно се предвидува се уште не е јасно. Инаку, и досега имаше заедничко положување на цвеќе на гробот на Делечв во Скопје и пред споменикот во Бугарија од страна на претходните премиери Заев и Борисов, но и по многу обиди историчарите не успеаа да постигнат согласност околу неговиот лик и дело.