По страотно црната прогноза на ММФ, според кого Македонија оваа година ќе ја заврши со раст од само 1,6 отсто (се сеќавате како велеа дека потпишувањето на Преспанскиот договор веднаш ја придвижило економијата, а еве го резултатот) со изјава се јави и Зоран Заев кој рече дека очекува раст на економијата во третото полугодие, по растот во второ полугодие. Така, ете по доаѓањето на „Животот“ станавме единствена земја на светот која наместо две полугодија има три. Другите земји имаат по две полугодија, по три третини, по четири квартали итн.