На 52 годишна возраст денеска почина познатиот американски глумец Лук Пери, на публиката познат со ликот на Дилан од хит серијата Беверли Хилс 90210.
Пери пред неколку дена доживеа тежок мозочен удар, а утрово почина во болницата Св. Џозеф во Бурбенк. Службите за итни случаи биле повикани во домот на Пери во Калифорнија, на 27 февруари. Тој од својот дом бил транспортиран со брза помош во болницата, каде што остана пет дена.
Пери е најпознат по улогата на Дилан Меккеј во хит-серијата „Беверли Хилс 90210“, а го глумеше и ликот на Фред Ендрјуз во ТВ-емисијата Ривердејл.