На Фејсбук профилот на Петар Карагошев е објавена фотографија од голема змија, која личи на питон, како и видео, на кое се гледа дека змијата е пронајдена во регион со лозја и се тврди дека таа била пронајдена во Гевгелиско.

Според кратката информација на профилот, се тврди дека станува збор за питон тежок околу 12 килограми и со должина од два метра и 20 сантиметри.

Колку е веродостојна информацијата е нејсано, но фотографиите и видеото го потврдуваат неспорниот факт дека станува збор за редок примерок на змија во нашево подрачје и кој не е карактеристичен за нашиов регион.

Погледнете го видеото и фотографиите, па сами уверете се, за каква змија станува збор. Неспорно е дека личи на питон, но за што всушност станува збор и од каде питон кај нас!? Тоа останува за познавачите на овој вид влечуги.

Gepostet von Petar Karagosev am Sonntag, 3. März 2019